MARKET DESIGN ACADEMY

НАШИ УСЛУГИ - CONTENT MANAGEMENT

МЕНАЏИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Наша задача е да ве водиме кон новиот свет на дигиталната комуникација, да ви помогнеме да ги  оптимизирате вашите профили и страници на најпопуларните социјални мрежи како што се  Facebook, Twitter, LinkedIn, Google+, Pinerest и Flickr, да ги промовирате вашите производи и услуги и да изградите група на лојални следбеници.

 

Наша задача е да станете компанија што создава конкурентни резултати и компанија која другите ја сакаат и споделуваат.

Наша задача е да:

- планираме целосен дигитален изглед (визуелни графички и видео решенија за социјалните мрежи)

- создаваме разновидна содржина (кратки тестови за објави, блог постови, PR објави)

- комуницираме со фановите и ги следиме резултатите.


Дали ги продавате вашите услуги и производи преку социјалните мрежи? Каква е перцепцијата на публиката за вас? Каков имиџ и репутација градите? Можете ли подобро?

Се разбира дека можете ако дозволите нашиот експертски тим да направи суштинска анализа на вашата моментална онлајн позиција и ви помогне како на најефикасен начин да стигнете од точка А до точка Б.

Успешното позиционирање на социјалните мрежи за вас ќе значи брз раст во следниве четири параметри:

 1. поголемо задоволство на клиентите, 2. подобро покривање на пазарот, 3.зголемена продажба, 4. многу поголема добивка.

БРЕНДИРАЊЕ И ONLINE ПРОДАЖБА

Да се ​​има препознатлив бренд и лојални купувачи во време кога на пазарот постои динамична конкуренција е навистина голема умешност. Потребно е навистина многу време за да изградите силна емотивна врска со вашите клиенти и од обични корисници да ги претворите во бренд амбасадори.

ONLINE ОГЛАСУВАЊЕ

Online огласувањето е најдобрата инвестиција која можете да си ја дозволите и најголемиот бенефит од интернет револуцијата. Користејќи ја оваа наша услуга ќе ви покажеме како со мала инвестиција можете да направите огромна заработка.

КОНВЕРЗИЈА НА ПОСЕТИТЕЛИ

Замислете дека постои магично стапче кое сите ваши лајкови, коментари и споделувања на социлајните мрежи и сите посети на вашата веб-страница или online продавница ќе ги претвори во пари. Тоа би било добро нели?

Уште подобра вест е дека тоа е можно и дека не се работи за магично стапче

КОНСАЛТИНГ И МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

Ги користиме можностите на пазарот, недостатоците на конкуренцијата, добрите можности за промоција и ги активираме клучните генератори на профитот на вашата компанија. Заеднички поставуваме цели, акциони планови ...

Market Design Academy е специјализирана во областа на дигиталниот маркетинг и визуелниот (графички и видео) дизајн. 

Market Design Academy со својот тим од експерти и истражувачи постојано ги следи трендовите во областа на дигиталниот маркетинг и развива единствени алатки кои им помагаат на компаниите да постигнат максимална online продуктивност и да ја зголемат финансиската ефикасност во работењето. 

 

Нашите услуги се целосно прилагодени на индивидуалните потреби на нашите клиенти и претставуваат интегриран микс од SEO оптимизација и позиционирање на пребарувачите на локално и глобално ниво, content маркетинг и креирање текстуални и визулени содржини за веб и блог кампањи, креирање кампањи на социјални мрежи, оптимизирани Google Ads кампањи, Email маркетинг и др.

Нашите обуки и коучинг програми се оптимизиран систем од теоретски и практични знаења кои целосно ве интегрираат во светот на дигиталниот маркетинг без разлика дали работите во маркетинг тимот на некоја компанија или пак сте менаџер кој треба да управува со маркетинг тим и да одобрува маркетинг проекти на компанијата.

© 2020 by Market Design Academy