top of page

7 блогови од кои можеш да заработуваш во 2020 година

Ако уште ве буни терминологијата и не знаете што точно претставува блогот?

Да поедноставиме уште на почетокот - блоговите се место каде што можеш да ги изразуваш сите твои интереси. Она што го пишуваш, фотографираш, снимаш, твоите знаења, вештини, информации и креации, што и да сакаш да споделиш со светот, може да биде објавено на твојот блог.

Тоа што можностите се бесконечни, всушност е и најдобрата карактеристика на блоговите. Без разлика на тоа која тема ќе ја одбереш за пишување, најважно е блогот да ги рефлектира твоите интереси. Така ќе ја задржиш мотивацијата за да продолжиш понатаму. Ако немаш интерес и страст за она што го правиш, веројатноста дека нема да успееш е голема .



Покрај тоа што треба да имаш страст и желба да пишуваш и истражуваш на темите кои ќе ги обработуваш во блогот, еве кои се најпопуларните теми за блогови во последната година:


1. Храна

2. Спорт

3. Патувања

4. Животен стил

5. „Гејминг“ (Десктоп игри)

6. Фитнес

7. Маркетинг


Самото име ја објаснува намената. Ако се работи за блог за храна, најдобро е да се споделуваат бројни рецепти проследени со добри фотографии, упатства за подготовка, дури и видеа чекор по чекор. Дополнително на блогот можеш да прикачиш и линкови од други социјални мрежи на кои си активен, најдобар избор за ваков тип на содржини е Инстаграм, место каде може до бесконечност можеш да уживаш во слики од прекрасно аранжирани јадења и уметност од храна.


Тие што сакаат храна, сакаат и да видат како таа е подготвена, сервирана, декорирана, со каков пијалок се служи, во каква атмосфера најчесто се сервира. Ако храната е твоја страст, тогаш направи одлични фотографии и видеа и тргни во акција, започни го твојот блог уште денес!


Блоговите за фитнес се водичи низ целокупното фитнес патување на една личност. Од упатства и режими за здрава исхрана, до комплетни тренинзи што ветуваат.


Тука се и блоговите за патувања, омилена тема за многумина. Корисни се од причина што може да ти послужат како водич пред да тргнеш на одредена дестинација, можеш да научиш нови трикови за ефикасно пакување, и да дознаеш кое е новото хит место за перфектната Инстаграм фотографија.


Сега, прашањето е како можеш целата оваа забава да ја претвориш во пари и да почнеш да заработуваш?


Постојат неколку начини на кои може да се заработува пари преку блогот.


Пример: прикачување линкови, спонзорства, платена содржина. Прикачувањето линкови е на некој начин партнерство помеѓу оној што го поседува блогот и одредена компанија. Кога ти на твојот блог ќе прикачиш линк од таа компанија, и одреден посетител ќе кликне на истиот, имаш одредена заработка во проценти, а исто така заработка има и компанијата.


Понатаму, ако станува збор за спонзорство, тогаш одредена компанија ти плаќа за да напишеш рецензија за некој производ/услуга.

Голем број блогери имаат направено одлични соработки со компании на тој начин што креираат заеднички брендови и производи кои понатаму ги продаваат. Има неколку одлични примери на фитнес блогери кои имаат свој бренд за спортска опрема, аксесоари и сл.

LinкedIn е компанија за вработување, односно врската помеѓу оние што бараат работа и компаниите кои истата ја нудат. Тие се совршен пример за тоа како ги користат своите блогови да ги привлечат клиентите кои им требаат. На својот блог објавуваат квалитетни блогови и содржини кои привлекуваат навистина големи компании, со оглед на тоа што целта е да се привлечат мултимилионски компании што ќе понудат вработување.

Друг начин за заработка е партнерство со инфлуенсери. Инфлуенсерите го користат своето влијание за да создадат поголема посетеност на одреден блог. И тоа е случај со повеќето инфлуенсери. Голем број блогери ги користат инфлуенсерите како ефикасен начин на рекламирање и за да привлечат посетители на нивниот блог и на тој начин да го направат популарен.

За крај, најстандардниот и најстариот начин за да заработите пари од својот блог е секако да го поврзете со Google ads и да овозможите самиот Google да поставува реклами на вашиот блог.


Се надеваме дека овој блог ти беше инспиративен, па ако имаш желба за пишување, со нетрпение го чекаме твојот прв блог!

Comments


bottom of page