Посвети време неколку дена за да размислиш за следниве неколку работи:
Преиспитај ги твоите цели: Дали твоите очекувања се реални? Твоите цели усогласи ги со моменталната фаза од твојот бизнис и со големината на твојата публика.
Ревидирај ја содржина: провери го квалитетот, конзистентноста и релевантноста на твоите објави. Дали содржината која ја објавуваш навистина комуницира со твојата публика, дали им е интересна, забавна, корисна, едукативна, практично применлива?
Анализирај ја целната публика: која е твојата целна публика, дали добро ја познаваш, дали ги знаеш нејзините потреби и интереси? Креирај содржина кои ги задоволува токму тие потреби и интереси.
Стратегија за содржина: направи стратегија за содржината која ја објавуваш. Експериментирај со различни формати (графики, фотографии, видеа), тестирај го и времето кога објавуваш, тоа може да направи значителна промена.
Соработка: размисли дали е добро да направиш соработка со инфлуенсери или комплементарни бизниси. Заедничката промоција може да го претстави твојот бренд на сосема нова публика.
Реклами на Инстаграм: вклучи платено рекламирање. Секогаш планирај одреден буџет за рекламирање на социјалните мрежи.
Анализа: практикувај редовна анализа на резултатите, тоа ќе ти помогне да дојдеш до јасни увиди што функционира, а што не.
Покажи трпеливост: применувај ги сите овие ставки и успехот е неизбежен, дај си време за да научиш како да ја развиеш комуникацијата со твојата публика до совршенство.
За крај, алгоритмите на Инстаграм се менуваат, а твојот бизнис еволуира, затоа остани отворен секогаш да учиш нови работи и испробуваш нови стратегии.
Научи како најдобро да го искористиш дигиталниот маркетинг за развој на твојот бизнис, пријави се на онлајн обуката за дигитален маркетинг, кликни на ОВОЈ ЛИНК и информирај се детално!
Comments