top of page

Како да ја користиш бихејвиоралната психологија во дигиталниот маркетинг?

Психологијата на однесување игра клучна улога во разбирањето на начинот на кој потрошувачите размислуваат, чувствуваат и дејствуваат. Користејќи ги принципите на бихејвиоралната психологија можеш значително да го подобриш твојот маркетинг и ефикасно да ги градиш твоите маркетинг стратегии, кампањи, комуникацијата со публиката и сл.

Бихејвиоралната психологија се фокусира на разбирање на начинот на кој луѓето реагираат во различни околности и кога се изложени на различни надворешни влијанија.

Еве неколку стратегии кои можеш да ги примениш, а се базирани токму на бихејвиоралната психологија.


bihejvioralna psihologija vo digitalen marketing

1. Користи го принципот на ограничен избор

Публиката често е преплавена со голем избор, многу информации и опции, што на крајот го отежнува нивниот избор и наместо да одлучат да купат, тие се откажуваат или го пролонгираат овој процес затоа што се неодлучни. Ова се нарекува парадокс на изборите.


Како да го избегнеш овој парадокс? - Промовирај ограничена понуда!


Креирај понуда која го лимитира изборот на три најдобри оции и нив нагласи ги  во твојата кампања.


Искористи ја стратегијата за три опции, односно, организирај ја понудата на тој начин што ќе понудиш три опции, од кои едната опција ќе изгледа најдобро за купувачот во однос на останатите две.

  • На пример: креирај пакети со различни нивоа на услуги или производи за да ја истакнеш вредноста на најскапиот пакет.


2. Применувај социјални докази

Социјалниот доказ е принцип кој јасно нѝ покажува дека луѓето често се водат од примерите на другите и се склони да прават нешто што веќе некој друг го направил.


Со други зборови, дококу публиката гледа дека некој друг користи или употребува одреден производ, веројатноста дека и тие ќе го купаат истиот тој производ се зголемува.

 

Како да користиш социјални докази?

  • Користи рецензии и оценки, на пример:  додај коментари и сведоштва од задоволни клиенти на твојата веб-страница.

  • Соработувај со инфлуенсери: во својата кампања вклучи влијателни личности кои можат да ги промовираат твоите производи/услуги.

  • Демонстрирај популарност: прикажи кои производи или услуги се најпопуларни меѓу твоите клиенти.


bihejvioralna psihologija vo digitalen marketing

3. Создавај временска ограниченост

Овој принцип се базира на идејата дека ограниченото време за акција може да создаде чувство на итност и да го поттикне потрошувачот да донесе одлука побрзо.


Како да го користиш:

  • Временски ограничени понуди: организирај попусти и промоции со јасно дефинирано времетраење.

  • Тајмер на веб-страницата: постави одбројувач за да создадеш чувство на итност.


4. Персонализација на содржината

Персонализацијата значи прилагодување на содржината и понудите според интересите и потребите на поединечни корисници.


Персонализацијата можеш да ја правиш преку:

  • Персонализирани пораки: испрати пораки и понуди базирани на претходните интеракции со корисникот.

  • Динамички содржини: креирај динамички содржини на твојата веб-страница врз основа на претходните пребарувања на корисникот.

 

5. Создавање на психолошка потреба за сопственост

Овој принцип опфаќа создавање чувство на сопственост или припаѓање кај корисниците, што може да ги охрабри да го завршат купувањето.


Како да го користиш?

  • Пробни верзии и бесплатни примероци: понуди им на корисниците да го пробаат твојот производ пред да го купат.


Научи како најдобро да го искористиш дигиталниот маркетинг за развој на твојот бизнис, пријави се на онлајн обуката за дигитален маркетинг, кликни на ОВОЈ ЛИНК и информирај се детално!

Σχόλια


bottom of page