top of page

Content marketing: 4 содржини што секој сака да ги чита

Луѓето сакаат и да те слушаат не само да те гледаат!

Кога ги претставуваш твоите производи и услуги на социјалните мрежи и воопшто на дигиталните платформи не е доволно само да поставиш убава фотографија која привлекува внимание, важно е и што ќе кажеш.



Да се направи добра текстуална содржина не е секогаш лесно и едноставно, а често пати е поврзано и со твојата моментална инспирација.


Прашањето кое веројатно често си го поставуваш е како да бидеш креативен и инспириран да креираш содржини кои другите ќе сакаат да ги читаат.


Одговорот е многу едноставен и гласи вака:


- Запознај ја публиката и раскажувај го она што таа сака да го чита и слуша.

Тоа е првото и основно правило!


Постојат содржини кои секој сака да ги чита, па кога креираш содржини за твојата веб-страница или социјалните мрежи или за било каква друга дигитална комуникација внимавај тоа што ќе го пишуваш да се вклопува во следните 4 теми:


1.Раскажи приказна

Луѓето сакаат и да те слушаат, не само да те гледаат, раскажи некоја приказна која е твоја, лична, поврзана со твојот бренд, твојот производ или услуга.

Приказна поврзана со мисијата која ја имаш и сакаш да ја прошириш.

Приказна поврзана со вредностите кои ги негуваш и сакаш да ги споделиш.


2.Покажи пример

Биди промената која сакаш да ја видиш! Кога зборуваш за твоите производи или услуги, раскажувај преку примери. Покажи на кој начин овој производ или услуга може да биде корисен за клиентите. Луѓето сакаат да читаат нешто што ќе им отвори нови перспективи и ќе им покаже како и на кој начин можат да бидат подобри.


3.Биди инспирација

Биди лидер во твојата индустрија и инспирирај ги и другите да бидат најдобри во она што го работат. Пишувај за твоите успеси и како доаѓаш до нив. Давај совети и дели искуства.

Секое искуство е драгоцено и со задоволство се читаат содржини кои даваат „tips&tricks“ за особено за теми кои се од наш интерес.


4.Сподели став

Брендовите имаат свое влијание кое треба многу умешно да се користи. Твоите следбеници, клиентите што ги купуваат твоите производи или ги користат твоите услуги се во исто време и група на луѓе со која заеднички креирате една заедница и делите исти или слични вредности, желби и интереси. Во оваа група на луѓе учествуваш и ти со твојот бренд. Твојот став за нештата кои се од заеднички интерес е важен, затоа пишувај и зборувај на теми кои би биле интересни за сите.

Ако оваа објава ти беше корисна, подели ја со некој на којшто мислиш дека му треба и шири ги вредностите.

Се читаме овде и на нашите социјални мрежи - Instagram и Facebook!

bottom of page