top of page

Шест начини да останеш продуктивен во време на изолација

Иако се предвидува дека работењето од дома ќе стане многу почеста пракса во наредните 5 години, сепак актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од Корона вирусот и препораките на Светската здравствена организација да не се напушта домот без поголема потреба предизвика многу од работодавачите да преземат најразлични активности за да ја организираат работата на поинаков начин и да ги пуштат своите вработени од дома.


Најголемите светски компании како Google, Microsoft, Twitter, Hitachi, Apple, Amazon, Chevron, Salesforce, Spotify воведоа корпоративна политика за работа од дома и се одличен пример и за останатите компании.



За некого работата од дома значи сосема нова ситуација во која ќе им треба одреден временски период да се навикнат за да можат да останат мотивирани и продуктивни и понатаму без разлика на нивното окружување.


Ви препорачуваме 6 начини како може да останете високо мотивирани и продуктивни без разлика што работните задачи ќе и извршувате од дома.


1.Организирај го просторот околу тебе!

Прва и основна задача кога работите од дома е да најдете соодветен простор кој ќе го адаптирате и организирате на начин да ви дозволува да имате физичка дистанца од останатите членови од семејството и да можете мирно и концентрирано да работите.


2. Почни го денот со она што е најтешко!

Најтешките работни задачи изврши ги веднаш штом ќе ти почне работниот ден. Тогаш концентрацијата е највисока и твојата ефикасност е најголема.


3.Прави TO-DO листи!

Пред да го започнете работниот ден, направете листа на работни задачи кои треба да ги извршите. Оваа листа ќе те држи во кондиција и ќе ја зголеми продуктивноста.



4.Прави кратки паузи!

Правете кратки паузи на секој час, тие ја зголемуваат креативноста, концентрацијата и меморијата.


5. Престани со мултитаскингот!

Истражувањата покажуваат дека продуктивноста се намалува дури за 40% доколку извршуваме повеќе работи во исто време.

Затоа фокусирајте се на една работа, поделете ги работните задачи и извршувајте ги една по една.


6.Најлесните задачи не ги оставај за утре

Практикувај работниот ден да го завршиш исто толку продуктивно како што си го започнал, со извршување на работни задачи. Но овојпат, нека бидат оние најлесните, најкратките и најрутинските. Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре.


Доколку ви се допадна овој текст споделете го со вашите пријатели.


Следете нѐ на социјалните мрежи



Следете го и нашиот Блог и читајте ги редовно нашите содржини!

bottom of page