top of page

Како да се вклучиш на Инстаграм во 5 едноставни чекори

Еден од најголемите трендови во последно време поврзани со Instagram е вклучувањето во живо. Вклучувањето во живо преку Instagram овозможува прилично голем број луѓе во исто време да имаат пристап до одредена содржина и затоа овој начин на пренесување на одредени информации, едукација, промоција и слично е избор на голем број компании, индивидуалци, инфлуенсери итн.


Instagram Live (Инстаграм во живо) е прва опција за голем број бизниси затоа што луѓето едноставно сакаат да следат случувања во живо.


Истражувањата покажуваат дека 82% од луѓето преферираат видеа во живо, наместо стандардните Инстаграм постови.

Оваа опција е одлична за реализирање „Прашања и одговори“ со некоја позната личност, или пак за креирање туторијали во живо.


Ако досега никогаш не си ја користил опцијата „во живо“, на вистинско место си, затоа што во само 5 чекори ќе ти објасниме како да го да направиш тоа и да извлечеш максимумот од оваа опција.


· Како да се вклучиш во живо на Инстаграм?


Важно да се напомене е дека овие упатства ќе функционираат само ако се користи мобилната апликација Инстаграм.


1. Ја отвараме апликацијата Инстаграм и кликаме на иконката лево горе камера.


2. На навигацијата долу, одиме на лево се дури не ја најдеме опцијата Live. Потоа кликаме на кругот за да започне снимањето.

(Ќе се појави Live копче на екранот горе, пропратено со текст на екранот долу кој известува дека нашите „следачи“ (followers) добиваат нотификација дека ние одиме во живо).


3. Кога ќе видите дека во долниот дел на екранот се појавуваат профили тоа е знак дека луѓето почнале да ве следат во живо.


4.Кога ќе сакате да престанете со емитувањето во живо, само кликнувате Крај (End), горе десно на екранот, по што ќе се појави прашањето „Сигурни ли сте дека сакате да му ставите крај на видеото во живо?“ вие кликнувате на црвеното End now копче.


5. На крај, можете да го споделите вашето видео на IGTV (Инстаграм ТВ), за да може да биде достапно и после „премиерата“. Дополнително истото може да се симне (download video) и можете да го прикачите на веб-страница или некоја друга социјална мрежа. Изборот е бесконечен.

Се разбира видеото може да биде и избришано.


Ако одлучите да го постирате видеото на IGTV, тоа ќе остане на вашиот профил и сите оние што не успеале да се вклучат во живо ќе можат да ја проследат вашата содржина кога и да посакаат.


· Инстаграм опции за видеа во живо


Оние што го гледаат видеото можат истовремено да поставуваат прашања, да испратат директна порака до некој друг, или пак да повикаат некого да се приклучи. Двојната икона овозможува во исто време двајца луѓе да учествуваат во видеото во живо.


Иконата Filter овозможува додавање филтер/ефект. Може да се исклучи опцијата за коментирање ако не сакате никој да коментира додека трае видеото во живо.


Исто така имате опција и да ги онемозможите непристојните/навредливи коментари, а преку опцијата Manual Filter може сами да одберете кои зборови не сакате да бидат користени во коментарите.

Се надеваме дека овој текст ви беше корисен!

Ако е така споделете го со вашите пријатели, бесплатно претплатете се на нашиот newsletter и следете нѐ на Инстаграм.

Се гледаме, во живо!

Comments


bottom of page