Во овој текст ќе зборуваме за тоа што е Instagram engagement (ангажираност на Инстаграм) и зошто ова е важно?
Instagram engagement (ангажираност на инстаграм) значи како публиката реагира на содржината која ја објавувате на вашиот Instagram профил. Степенот на интеракција со содржината е најголем показател за тоа дали вашиот Instagram engagement е висок или низок.
Важно е да знаете како да го следите и мерите вашиот Instagram engagement за да знаете дали остварувате добра конекција со вашата публика, што од друга страна е клучно за развојот на вашиот бренд и вашиот бизнис.
Еве неколку корисни метрички податоци кои треба да ги следите за да го измерите вашиот Instagram engagement:
Impressions / Импресии
Прецизен број кој покажува колку вашата објава или приказна е видена.
Reach / Опсег
Бројот на уникатни (единечни) прегледи на вашата објава или приказна.
Website clicks / Кликнувања на веб-страница
Вкупниот број на кликнувања на линкот кој води кон надворешна врска (веб-страница), а е поставен на вашиот Instagram профил
Profile visits / Посета на профилот
Вкупен број на посети на вашиот Instagram профил
Followers / Следбеници
Пресметајте ја стапката на раст на следбениците со делење на бројот на следбеници што сте ги стекнале во одреден временски период во однос на претходниот број на следбеници. Помножете го тоа со 100 за да го добиете процентот.
Други метрички податоци кои треба да ги змете предвид:
Comments / Коментари
Бројот на коментари кои корисниците го оставиле под вашиот пост, вклучително и кога означуваат пријател. Пресметајте го бројот на коментари заедно со бројот на лајкови и зачувани објави за да го најдете вкупниот број на интеракции со објавата.
Saved posts / Зачувани објави Колку пати корисниците кликнале на иконката со знаме од десната страна на вашиот пост за да го додадат во нивната приватна колекција на зачувани објави. Корисниците ги зачувуваат објавите за да ги разгледаат подоцна или да се навраќаат на нив постојано.
Views / Прегледи
Вкупен број на прегледи на вашето IGTV видео или Instagram Story Likes / Допаѓања
Колку пати корисниците кликнале на срцето под објавата.
Доколку сакаш да провериш колку е атрактивен твојот Instagram профил кликни на овој ЛИНК.
Направи нешто за себе, за својот бизнис или професионална кариера, пријави се на Онлајн обуката за Дигитален маркетинг! Информирај се повеќе за обуката на овој ЛИНК!
Comments