top of page

Што треба, а што не треба да правиш на социјалните мрежи

Ако си одговорен за одржување на социјалните мрежи за твојот бренд или пак ги менаџираш социјалните мрежи на твоите клинети, прочитај ја оваа блог објава сигурно ќе ти биде корисна!


Во продолжение ќе наведеме три работи кои треба да ги правиш и три работи кои не треба да ги правиш кога станува збор за одржувањето на социјалните мрежи.



1.Направи месечен план на објави. Ако сакаш да постигнеш успех на социјалните мрежи, првата работа што треба да ја направиш е да го креираш твојот план на објави на месечно ниво. Многумина сметаат дека планирањето значи и некаков вид на ограничување, затоа што ни ја нарушува моменталната инспирација, но тоа секако не е вистина.


Вистината е дека планот те спасува од фрустрациите и постојаната опсесивна преокупираност со тоа што следно ќе објавиш. Се разбира дека твојата моментална инспирација секогаш е добредојдена и можеш да ја вметнеш секогаш кога ќе ти се појави. Но важно е да не ги оставаш работите на случајноста и моменталната инспирација.

Кога сме добро организирани и кога добро планираме, тогаш сме и најинспирирани.

Провери и примени.

2. Постави мерливи цели! Како ќе знаеш дали во нешто си успеал или не, ако не си поставил мерливи цели кои ќе ти покажат колкав е процентот на твојата успешна реализација.

Поставувањето на мерливи цели е одлика на добро организираните луѓе кои секогаш знаат како се развива нивниот план, дали планираните акции водат до остварувањето на поставените мерливи цели или е време за некакви корекции.


На пример, кога поставуваш цели постави ги на овој начин - За овој месец бројот на следбеници на мојот Instagram профил треба да се зголеми за 20%.

На крајот од месецот провери дали целта е остварена, односно дали навистина твојот IG профил пораснал за 20% во однос на борјот на следбеници.

Ако целта не е остварена, провери зошто и постави нова, повторно мерлива цел.

3.Изгради конекција со публиката! Не заборавај дека основната цел на социјалните мрежи е да креираат заедница и тесна конекција помеѓу продавачот и купувачот. Социјалните мрежи се места каде преку социјализација и заедничка размена на вредности ќе се задоволат желбите и потребите на купувачите и клиентите.


Затоа, твоја задача е да креираш вредности кои ќе одговараат на потребите на твоите клиенти и на тој начин да ја остваруваш твојата конекција со клиентите и потрошувачите и да градиш вистинска заедница.

Ова беа трите наши клучни препораки до тебе во однос на тоа што ТРЕБА да правиш на социјалните мрежи.


А сега да се префрлиме на останатите три клучни препораки кои ќе ти кажат што НЕ ТРЕБА да правиш на социјалните мрежи.


1.Не форсирај со објавите! Понекогаш во нашиот очаен обид да свртиме внимание на социјалните мрежи знаеме да влеземе во стапицата која значи форсирање со објавите и кои може да донесе спротивен ефект од очекуваниот.


Па наместо да се зголемува бројот на твоите следбеници, се случува да почнеш да ги губиш и тие што ги имаш. Затоа не форсирај. Една до две објави на ден се сосема доволно.

Ако објавуваш почесто мора да има силна причина за тоа. Ако тие чести објави се оправдани, имаат смисла и се во твоја функција, тогаш продолжи слободно, но имај чувство за тоа колку навистина е доволно.

2.Не заборавај да одговараш на коментари! Истражувањата покажуваат дека еден од најдобрите начини да се позврзеш со твоите клиенти и да изградиш квалитетна заедница која ќе го поддржува твојот бренд е да иницираш разговори, коментари, дискусии и да бидеш активно вклучен.


Се разбира дека овој процес не е лесен, бара време, енергија и посветеност, особено затоа што секоја дискусија е јавна и многу внимателно треба да се пристапува кон ова за да не се остави погрешен впечаток. Сепак, бенефитите од твојата активност ќе бидат многу поголеми во однос на вложениот труд. Затоа биди активен, одговарај на коментари и активно учествувај во дискусиите.

3.Немој да користиш несоодветни маркетинг алатки! Желба на секој претприемач е да ги развива своите социјални мрежи затоа што тие му носат поголеми приходи и му овозможуваат ефикасен начин да допре до својата целна група. Сепак, една од најчестите грешки која се повторува е тоа што се употребуваат несоодветни маркетинг алатки, кои се генерички, автоматизирани и не даваат резултати.


Маркетинг алатките што функционираат за одреден производ на Instagram, не значи дека ќе функционираат за истиот или друг производ на Facebook. Потребно е да се направи истражување, тестирање, анализа и да се применат соодветни алатки кои се адаптирани за специфична целна група. Ако не знаеш како ова се прави, секогаш можеш да побараш помош од лица кои имаат исксутво и знаење во оваа област.

Ако ти треба било каква поддршка или помош, можеш да нѐ контакираш и нас, со задоволство ќе ти помогнеме.

Се надеваме дека оваа блог објава ти беше корисна! Ако е така проследи ја до некој на којшто мислиш дека му треба и шири ги вредностите.


Се читаме овде и на нашите социјални мрежи - Instagram и Facebook!

bottom of page