top of page

(ТЕСТ) Колку е атрактивен твојот инстаграм профил?


Знаевте ли дека повеќе од 80% од инстаграм профилите следат бизнис профили на Инстаграм?

Ова се повеќе од 500 милиони корисници дневно и токму затоа е клучно за бизнисите да го вклучат Instagram во своите маркетинг стратегии кога станува збор за социјалните мрежи. Се почнува со Instagram.


Лесно препознатливо име, убава профилна слика, логичен тек на приказните и фотографиите, богата и информативна биографија се само мал дел од она што значи добар Инстаграм профил.

Но, често помеѓу Инстаграм корисниците, а особено бизнисите на социјалните мрежи, се поставува прашањето: каква треба да биде анатомијата на совршениот Инстаграм профил со цел корисниците да имаат причина да ги следат и да се поврзат со онлајн бизниси.


Постојат неколку клучни чекори кои треба да ги следите:


1. Јавен профил

Секој треба да има пристап до вашиот профил и вашите објави. Ова е идејата на бизнис профилот, а можете лесно да ја исполните преку делот “Options” и опцијата „Private account – off”.


2. Корисничко име кое е препознатливо и лесно за пребарување

Доколку името на вашиот бизнис е веќе преземено од некој друг, обидете се барем да го вметнете во првиот дел од вашето корисничко име и до него додадете фраза која е лесна и впечатлива. За да го промените вашето корисничко име, посетете го делот „Edit profile” на вашиот Instagram кој се наоѓа на десната страна од вашата профилна фотографија.


3. Брендирана профилна фотографија

Една од првите работи кои вашите потенцијални купувачи ќе ја забележат на Instagram е вашата профилна фотографија. Таа треба да биде лесно препознатлива и треба да го содржи вашето лого и вашиот корпоративен идентитет. Внимавајте оваа фотографија да изгледа добро во кружна форма, како што Instagram автоматски ја подесува кога ќе поставите било каква фотографија за профилна. Внимавајте и на резолуцијата, за фотографијата да не изгледа „замачкано“ и со лош квалитет.


4. Информативно и привлечно „био“

Описот на најгорниот дел од вашиот Instagram профил е информативниот дел кој што е многу важен во поглед на маркетингот на вашиот бизнис. Со максимален број на 150 карактери, вие би требало да опишете што сте, кои сте, што работите и како купувачите можат да ве најдат. Со ова ограничување треба да постапите креативно и да додадете уникатен момент кој е препознатлив за вас како бизнис. Експериментирајте и напишете неколку варијанти од кои подоцна ќе ја изберете најдобрата.


5. Поставете линк во вашата биографија

Она што е иритирачки за многу Instagram посетители е пренасочување од објава кон веб страница надвор од Instagram. Ова често се случува кај одредени бизниси и добро би било кога би можеле да го избегнете. Доколку сакате да поставите линк кој ќе води до друга (најчесто дел од вашата веб страница), направете го тоа во делот „биографија“. Овде можете и би требало да правите промени често, во зависност од вашиот моментален фокус и приоритет.


6. Овозможете известувања

Во делот „опции“ на поставките на вашиот Instagram профил, овозможете ги известувањата, за секогаш да бидете во тек со активностите кои ги имаат потенцијалните купувачи. Ова ќе ви овозможи подобар фидбек и полесна комуникација со нив.


7. Користете квалитетни фотографии

Овој елемент е од огромно значење за вашиот оптимизиран Инстаграм профил. Секогаш користете го мотото „Доколку немаш нешто убаво што сакаш да го објавиш, подобро не објавувај ништо“. Внимавајте вашите објави секогаш да бидат во согласност со целите на вашиот бизнис, да бидат квалитетни и привлечни за купувачите.

Направете мало истражување и за алатките кои се полезни кога станува збор за подобрување на вашите фотографии. Ова може да ви биде од голема корист и ќе додаде дополнителна свежина на вашиот профил.


8. Бидете постојано присутни и активни

Доколку сакате да постигнете успех и зголемена продажба преку Instagram, потребно е да бидете активни. Ова не значи објавување десетици пати во текот на денот, но објавување на редовна основа во вистинскиот дел од денот е клучно за успех.

Истражувањата покажуваат дека лошо време за објавување на Instagram е од 15 до 16 часот, а најдобри денови за објавување се понеделник и четврток. Со оглед на тоа дека трендовите и потребите на луѓето се менуваат, бидете во тек со нив и соодветно прилагодете го вашиот профил на потребите на купувачот.


Прочитај го и за тоа Што е Instagram Engagement и како да го подобриш? Кликни тука!

bottom of page