Ако понекогаш сте во дилема дали воопшто треба да отворите ваш Бизнис Instagram профил или пак веќе имате, но неговото менаџирање ви одзема многу време и енергија, ви даваме 5
добри причини, зошто треба да бидете присутна на оваа социјална мрежа и кои бенефити ќе ги почувствувате доколку остварувате конзистентна комуникација со вашите клиенти, користејќи го овој дигитален канал на комуникација.
1.Instagram секојдневно обединува милионска публика која е многу активна на оваа социјална мрежа и на дневно ниво се прават огромен број на продажби и финансиски трансакции.
Вашето присуство на Instagram ќе ја гради и зголемува свесноста за постоењето на вашиот Бренд.
Како ќе знаеме дека постоите, ако воопшто ве нема на социјалните мрежи кои се водечки!
2.Instagram профил е одлична можност да влезеш во директна комуникација со твоите потрошувачи и потенцијални клиенти, користејќи ја можноста да поставуваш прашања, одговараш на коментари, да оствариш продажна конверзација во директна порака и сл. остваруваш поголема интеракција која го зголемува интересот за твојот Бренд.
3.Instagram е визулена платформа и преку набљудување на профилите на твоите постоечки и потенцијални клиенти можеш многу лесно да ја запознаеш твојата целна група и да ги откриеш потребите, интересите и желбите на твоите клиенти.
Ако сакаш да имаш успешен бизнис, мора добро да ги познаваш твоите клиенти. Instagram ја нуди таа можност, твое е да ја искористиш.
4.Секогаш кога имате нешто ново да соопштите или да претставите, користете ја можноста да споделите линк до вашата веб-страница или веб продавница. Едноставно поставете го линкот кој води до вашата веб-страница во делот БИО на вашиот Instagram профил.
5.Логично е дека зголеменото, континуирано присуство на социјалната мрежа Instagram неминовно ќе донесе до поголема промоција на вашите производи и услуги и дека ќе ја зголеми продажбата. Искуствата покажуваат дека 3 до 6 месеци интензивно присуство на Instagram во ја дуплира продажбата, а понекогаш овој успех е и многу поголем, затоа нека биде ова ваша мотивација да почнете уште денес да ја градите вашата Instagram стратегија.
Доколку оваа информација ви беше корисна, споделете ја со вашите пријатели, а доколку имате потреба од едукација во делот на дигиталниот маркетинг, посетете ја нашата Онлајн обука за дигитален маркетинг и остварувајте вистински резултати.
Komentarze