Ако оваа година една од твоите бизнис цели е да ја развиеш online продажбата, тогаш следи ги овие 4 совети кои сигурно ќе ти помогнат да постигнеш висок процент на реализација на планираните цели.
1.Фокусирај се на најдобрите и најевтини производи и услуги!
Зошто оваа стратегија? Затоа што се фокусираш на производите и услугите кои можат да привлечат најголем број потрошувачи, а тоа во online продажбата се покажа како најефикасен начин за привлекување на вниманието на купувачот.
Со продажба на најевтините производи и услуги, вниманието на купувачот со сигурност ќе биде задржано, а можноста за продажба ќе биде голема.
Доколку се двоумиш дали ова е најдобро за твојот бизнис, тогаш експериментирај и тестирај кој е најдобриот продажен модел за твоите производи и каква ќе биде ценовната политика со која ќе го пробиваш online пазарот.
2. Избери и користи алатки
Ако досега не си користел алатки за развој на бизнисот и online работењето, тогаш ова нека биде уште еден новитет кој ќе го воведеш во 2021 година.
Предлагаме да се користат алатки кои можат да комбинираат Facebook и СМС кампањи и алатки кои можат лесно да се интегрираат со Instagram.
Експериментирај што е апликативно за твојот бизнис, секојдневно се објавуваат нови алатки, па веројатно е дека некоја од нив ќе биде полн погодок за тебе и ќе го олесни менаџирањето на твојата online продавница.
3. Соработувај со инфлуенсери и со твоите редовни купувачи
Овие две групи можат многу да помогнат во продажбата. Моќта и влијанието на инфлуенсерите врз бројот на продажбите веќе не се доведува во прашање, ангажирај инфлуенсер кој ќе влијае и на твоите купувачи, но и на твојата продажба. Ова особено важи за продажбите реализирани преку социјалните мрежи Instagram и Pintеrest, поради начинот на кој тие функционираат.
Промоцијата на производот или услугата од страна на добро одбран инфлуенсер може да направи одлични резултати и да донесе брзи продажби.
Можеби ангажирањето на инфлуенсер не значи дека е идеална опција за твојот бизнис, но секако треба да се даде шанса и да се следат резултатите.
Искористете ги сите креативни потенцијали да ги анимирате и вашите редовни купувачи затоа што тие најдобро можат да го изрекламираат производ или услугата кои ги нудите.
Задоволен купувач е најдобарата реклама која повлекува огромен број купувачи, затоа искористете го потенцијалот кој веќе го имате.
4. Измери ја стратегијата
Целта на секоја маркетинг стратегија е да се доведе купувачот до финалниот чекор: нарачка.
Ова може да се постигне на голем број начини, преку одлични содржини, двонасочна комуникација и многу други, а на крај бројот на нарачки кои ги добивате, бројот на остварени продажби и профитот кој го реализирате ќе биде најдобриот показател за тоа дали стратегијата која ја применувате е функционална или треба да се замени со друга. Затоа не заборавај да ги измериш резултатите, да ги сумираш нарачките и приходот, за да знаеш дали треба да го прославиш успехот или ќе го одложиш славењето за понатаму.
Comentarios