Ова е брз водич за таргетирање на клиенти, кој ќе ти помогне да научиш како да ја поделиш целната публика во групи и да користиш свежи, нови стратегии за да го привлечеш и одржиш вниманието на купувачот за време на процесот на купување.
Стратегии за таргетирање на клиенти
Овие 5 стратегии ќе ти помогнат да креираш групи на клиенти и ќе ти дадат идеи како најдобро да им се претставиш на сите овие групи:
1. Подели ги видовите на идентитети на потенцијалните купувачи
2. Истражи ги популарните клучни зборови
3. Комуницирај ефикасно со твојата публика
4.Направи нетипични содржини
5.Размисли за ангажирање на инфлуенсери (влијателни личности)
но, да почнеме по ред....
Подели ги видовите на идентитети на потенцијалните купувачи
Кога ја дефинираш целната публика, дали го замислуваш ликот на купувачот?
Ако не, тогаш од денес тоа задолжително треба да почнеш да го правиш. Замисли дека твојот идеален купувач е твој добар пријател. Како изгледа? Какви се неговите навики? Што работи? Дали патува? Со кого се дружи? Дали има семејство? Биди што е можно поконретен и детален.
Запомни дека идентитетот на купувачот е профил на идеален клиент што го креираш за да можеш да ги креираш и усогласиш и своите бизнис цели.
Кога ќе започнеш да ја делиш публиката во групи, размисли да направиш повеќе различни идентитети на групи. Овие различни групи ќе ти помогнат да креираш нови и свежи идеи за насочен маркетинг, односно да смислиш на кој начин ќе комуницираш со секоја од овие целни групи поединечно.
Креирајќи идентитет на купувач, полесно ќе ги идентификуваш предизвиците на идеалниот купувач и ќе можеш да ги решиш многу поедноставно и поефиксно.
Истражувај популарни клучни зборови.
Идентификувањето на клучни зборови може да помогне при утврдување на трендовите поврзани со твојата публика. Што е актуелно во моментот кај твојата целна група, како тие се однесуваат, на кој начин пребаруваат, каква терминологија користат, сите овие информации ќе ги дознаеш доколку посветиш поголемо внимание на клучните зброви и фрази кои се користат при Google пребарувањата, а се релевантни за твојот бизнис.
Некоја од достапните алатки за следење на клучни зборови може да ти помогне да составиш список со зборови или фрази што се привлечни за сегментираните клиенти.
Алатките за следење на клучни зборови можат да се најдат преку едноставно Google пребарување. Штом ќе утврдиш кои клучни зборови и фрази се актуелни, тогаш истите тие задолжително вметнувај ги во сите текстуални содржини кои ги креирате, без разлика дали се работи за интервју кое ќе го дадете за некој портал, текст на вашата веб-страница или блог, реклама на социјалните мрежи и сл.
Комуницирај ефикасно со публиката.
Набљудувајќи го однесувањето на сегментираната публика, многу полесно ќе го откриеш начинот на кој ќе сакаш да комуницираш и кој ќе биде сличен на нивниот начин на комуникација.
Кога вртиш по социјалните медиуми, дали ви се појавуваат специфични зборови или хаштагови? Прилагоди ги овие зборови и хаштагови на твојот бизнис.
На овој начин публика ќе знае дека сакате да се поврзете со нив на соодветно ниво и најдобар начин за да може вистински да разберете како вашата компанија може да се вклопи во нивните животи, да ги реши нивните проблеми и да ги задоволи нивните потреби и тоа ќе ја зголеми лојалноста кон вашиот бренд.
Направи нетипични содржини
Слично на последната точка, креирањето на нови, несекојдневни содржини може да помогне да креирате специфични содржини што одговараат на одредена група на клиенти.
Освен стилот на комуникацијата, содржините што ги користите за да ги пренесете тие пораки, исто така се од огромна важност во поглед на привлекување на клиентот.
Соработка со инфлуенсер
Ако претходно сте размислувале да користите инфлуенсери, најверојатно знаете колку тие можат да помогнат. Исто така, најверојатно знаете дека тие се вредна инвестиција ако имате помлади корисници на кои им е многу важно мислењето на инфлуенсерите.
Ако веќе сте ги поделиле вашите потенцијални и постоечки клиенти по возраст сигурно веќе имате прилично добра идеја за тоа каков тип на инфлуенсери најмногу ви одговара и кого треба да ангажирате.
Кога соработувате со инфлуенсери, ја изложувате вашата компанија на голема база на потенцијални клиенти. Дури и ако сте партнери со помали инфлуенсери (микро-инфлуенсери), сепак можете да добиете задоволителен ефект, барем во почетните фази на градење на брендот.
Прочитај го блогот Како звучи твојот бренд? - 3 корисни алатки за развивање на твојот „Brand voice“, за да ја заокружиш целата твоја бизнис приказна.
Comments