top of page

Како звучи твојот бренд? - 3 корисни алатки за развивање на твојот „Brand voice“

Сте помислиле ли некогаш колку е важно да знаеме како нашиот бренд звучи?


Вообичаено кога се размислува за одреден бренд и брендирање генерално се мисли пред сѐ на визуелниот дел, како брендот изгледа, какво лого има, кои бои ги користи, на кој начин визуелно се претставува итн.


Во суштина кога се размислува за брендирање се мисли не само на визулениот дел, туку и на аудитивното доживување. Како вашиот бренд звучи?


Ако немате конкретен одговор на ова прашање, тогаш веројатно е време да размислите како вашиот бренд звучи и како сакате да звучи.


Ќе ви помогнеме да дојдете до вашиот вистински глас следејќи ги следниве алатки:


1. Направи анализа на постоечките содржини


Направете анализа на содржините кои ги објавувате на вашата веб-страница, вашата веб продавница, промотивните материјали, социјалните медиуми. Доколку не знаете како вашиот бренд звучи, оваа анализа многу ќе ви помогне да дојдете до одговорот.


Ако досега сосема спонтано сте креирале содржини без да размислувате за начинот, гласот и тонот на комуникација, земајќи ги предвид веќе објавените содржини ќе можете да го утврдите гласот на вашиот бренд и да го развивате во насока која ви се допаѓа и токму онака како што сакате да звучите.


Во анализата на содржините земете ја предвид и e-mail комуникацијата, затоа што таа исто така ќе ви покаже на кој начин комуницирате со клиентите, потрошувачите, со вашите деловни партнери и сл.


2. Води замислен разговор


Водете замислени разговори со клиенти на тој начин што ќе замислите разговор во кој клиентот ви поставува прашања, а вие одговарате. Поставувајте прашања кои се реални и ги добивате во реални ситуации.


Разговорот запишете го на хартија без премногу размислување како ќе звучите и кои зборови ќе ги одберете. Водете спонтан и природен разговор, користете вокабулар кој вообичаено го користите кога водите рзговори со клиенти и бизнис партнери.


Откако ќе го запишете целиот разговор, прочитајте го и анализирајте го. Преку овој текст ќе дојдете до многу корисни информации кои многу гооворат за вашиот бренд и како тој звучи.

Задржете го и развивајте го стилот доколку тој ви се допаѓа. Доколку утврдите дека треба да направите одредени промени, тогаш почнете уште веднаш. Без одлагање!


3.Анкетирај ги клиентите


Мислењето на вашите клиенти е од особено значење, затоа што така ќе дојдете до вистинскиот одговори за многу ваши прашања кои се поврзани со вашата деловна активност. Една работа е како вие сакате да звучите, а сосема друга работа е како вашите клиенти ве доживуваат и ве слушаат.

Затоа прашајте ги, тие се ваши крајни корисници и нивното мислење мора да го земете предвид.


За да дознаете како тие навистина ве доживуваат, спроведете анкета во која преку неколку кратки прашања на индиректен начин ќе дојдете до информациите кои ви се потребни.


Се надеваме дека овие совети ви звучеа добро, исто како и вашиот бренд!


Прочитај го и нашиот блог на тема визуелно брендирање, кликни тука.

bottom of page