top of page

Сѐ што треба да знаете за да креирате маркетинг план

Како да креирате маркетинг план ако никогаш порано не сте правеле ништо слично?

Едноставно! Но да почнеме од почеток!


Што е маркетинг план?
Маркетинг план е стратешки план кој го користат голем број компании за да можат поедноставно и поефикасно да ги организираат, извршуваат и следат своите маркетинг стратегии, за одреден временски период. Маркетинг плановите може да содржат повеќе маркетинг стратегии, наменети за различни маркетинг тимови, што всушност работат кон реализирање на една иста цел.

Видови маркетинг планови.

1. Квартален или годишен маркетинг план;

2. Платен маркетинг план;

3. Маркетинг план за социјални мрежи;

4. Маркетинг план за содржина;

5. Маркетинг план за пласирање нов производ.


Маркетинг план Vs. Маркетинг стратегија.


Маркетинг стратегијата е начинот на кој еден бизнис ќе стигне до посакуваната цел. Тука спаѓаат сите кампањи, содржини, канали и маркетинг софтвери, што ќе се користат за реализација на планот, и за следење на напредокот. Маркетинг планот од друга страна, содржи една или повеќе стратегии, и ова е клучната разлика. Маркетинг планот е рамката во која се наоѓаат сите маркетинг стратегии, и помага во поврзувањето на една стратегија со друга, за да се постигне целта.


На пример, ако станува збор за пласирање нов производ, во маркетинг планот се вклучуваат сите маркетинг стратегии поделени по маркетинг канали и алатките кои ќе се користат во рамки на тие стратегии, на пример: блог посветен на производот, YouTube видеа, Twitter профил, се само некои од алатките што би помогнале во промоцијата и привлекување што повеќе луѓе.

Основната разлика е таа што маркетинг планот е посветен на пласирањето на новиот производ, а маркетинг стратегиите ја овозможуваат реализацијата на овој план.


Како да се креира маркетинг план?

1. Потенцирајте ја вашата цел.

2. Одредете клучни индикатори за извршување [КPI’s = Кey Performance Indicators]

3. Идентификувајте ги потенцијалните корисници.

4. Опишете ги вашите стратегии.

5. Дефинирајте ги приоритетите.

6. Дефинирајте маркетинг буџет.

7. Идентификувајте ја вашата конкуренција.

8. Одредете ги челновите на тимот за реализација и кои се нивните одговорности.

Прв чекор при креирањето маркетинг план е јасно дефинирање на целта. Ова може да ви биде и некој вид на стартна точка, и нешто по што ќе се ориентирате понатаму. Треба да бидете специфични при дефинирањето, но не и премногу специфични. Добро е да си оставите доволно простор за евентуални промени во иднина.


Второ, треба точно да се знае на кој начин ќе се следи напредокот на маркетинг планот. Од таа причина се одредуваат клучни идникатори за реализација (Key Performance Idicators KPI’s).


Трето, се идентификуваат потенцијалните потрошувачи и корисници на услуги. За ова се користат параметри како: возраст, пол, место на живеење, професија и слично.


Добро е да се дефинира какви содржини ќе бидат креирани, колку и што можете да креирате, како и кои канали ќе се користат за дистрибуција на содржините.


Маркетинг планот објаснува и покажува на што точно треба да се фокусира маркетинг тимот, односно, што треба да се постигне, паралелно на тоа, и што треба да се избегне. Друга тема е буџетот за маркетинг.

Иако постојат бројни платформи што се бесплатни, маркетинг тимот мора да биде подготвен да се соочи со таканаречените „скриени“ трошоци, без разлика дали станува збор за трошоци за freelance, спонзорства, нов full-time вработен.


Дел од маркетингот е и да знаеме кој ни е конкуренција. За истото се прави истражување и се анализира секој еден од нив, за да знаеме со кој и со што си имаме работа.


И последно, но не помалку важно, е управувањето со маркетинг тимот. Клучно е секој да си ја познава добро задачата, но и да знае кои се целите. Добро е да се знае кој е вклучен во тимот, кој е тим лидерот и кои се нивните задачи и одговорности.


Се разбира ако ви треба помош и поддршка за изработка на вашиот ефикасен Маркетинг план, тука сме да ви помогнеме!


Читајте ги нашите блогови и следете на социјалните мрежи!

Comments


bottom of page