top of page

Зошто оваа мачка е попопуларна од тебе или како да изградиш квалитетна публика

Едно од најчесто поставуваните прашања во однос на Instagram е како да изградиш побројна и поквалитетна публика.

Многумина од вас сметаа дека прават квалитетни постови, со убави „инстаграмични“ фотографии, а сепак бројот на слдебеници им расте многу бавно. Се разбира дека тоа на крај завршува со огромна демотивација и фрустрација.

Но, во суштина секој кој менаџира успешен Instagram профил знае дека Instagram е социјална мрежа која не е само просто поставување на убави фотографии без одредена стратегија и смислени сценарија. Напротив, сите овие успешни Instagram профили, па дури и оние кои се наменети за љубителите на мачки и на нивниот „post feed“ имаат само фотографии од слатки мачиња, работат сосема смислено, концептуално и според точно утврден план за креирање и објава на содржини.


Еве што точно треба да содржи месечниот план за креирање и објава на содржини:


1.Постави месечни цели

Вашата содржина треба да ги поддржува вашите бизнис цели, а не да биде спонтано креирана, според моменталната инспирација.

Поставете месечни цели и испланирајте ги содржините согласно поставените цели.

Месечниот план може да има отстапки кои се наметнати од одредени трендови и актуелни случувања, но неопходно е тие отстапки да бидат во релација со целите кои ви биле поставени.

2.Направи стратешка мапа на содржините

Мапирајте ја содржината и поставете ги базичните стратешки позиции. Испланирајте каква би била вашата основна содржина (текст, аудио, видео) и како сето ова ќе го повторите во микро-содржина.

3.Чек-листа на содржината

Кога креирате одредена содржина многу лесно може да ви се случи да заборавите да вградите одредени елементи за оптимизација на содржината. Затоа направете чек-листа според која ќе се раководите кога е потребно да проверите дали сте ги направиле сите потребни оптимизирања.

4. Направи месечен календар на објави

Користете месечен календар на објави кој ќе ви помогне подобро да ги испланирате сите објави, месечни кампањи, платени реклами, промоции, попусти и сл.

5. Неделен план на објави

Врз база на месечниот план за објави, треба да креирате и детален неделен календар , во неделниот план наведете ги сите детали, тип на објава, време, очекувани резултати и сл.

6.Користи неделна статистика

Направете целосен преглед на вашата недела: дали целата планирана содржина била објавена и споделена? Анализирајте и каква реакција предизвикала оваа објава, дали објавата е во корелација со вашоите поставени цели и дали сте постигнале конверзија. Која објава предизвикала поголем Instagram engagement. За ангажираноста или интеракцијата на Instagram пишувавме во посебна Блог објава која можеш да ја прочиташ тука.


Пробајте да ги планирате месечните Instagram активности и резултатите ќе бидат веднаш видливи.




bottom of page