top of page

Како да ја преживеете финансиската криза?

Во време на светска пандемија од Корона вирусот неоспорен ќе биде негативниот ефект за голем број мали и средни бизниси кои се клучен фактор на секоја економија.


Економските експерти на локално и глобално ниво, во овој момент не се впуштаат во прецизни прогнози ниту анализи за евентуалната штета врз економијата и јачината на ударот врз малите бизниси. Оваа воздражаност на експертите сигурно ќе потрае имајќи предвид дека сѐуште никој нема јасна слика како и во која насока ќе се движи развојот на пандемијата.



Сепак, експертите велат дека треба да извлечеме заклучоци од претходните искуства, затоа што рецесиите се вообичаени циклични појави во економијата кои се јавуваат на одреден временски интервал и причината која ги предизвикува како и ефектите кои тие ги оставаат врз општата економска ситуација се секогаш различни.


Голем број компании имаат развиен BCP (Business continuity plan) кој во голема мера ќе им ги плесни последиците од рецесијата. BCP (Business continuity plan) подразбира оперативен систем на планирани активности кои ќе овозможат одржување на континуитетот на работењето во услови на криза.


Овој план кој вообичаено го применуваат големите компании може да стане вообиачена пракса и за малите и средни бизниси, па дури да се применува и на лично ниво.


За да го измерите вкупниот финансиски капацитет во моментот потребно е да ги земете предвид сите приходи, заштеди како и имотот кој го поседувате. Ако досега тоа не сте го направиле тогаш време е сега тоа да го сторите.


Направете проценка како рецесијата би можела да се одрази на вашите приходи. Неопходно е да направите колку што е можно пореална проценка колкав буџет ќе имате на располагање во следниов период.


Потоа направете листа на активности кои ќе ги преземете за да го одржите или да го зголемите претпоставениот буџет.


Откако ги разгледавте приходите, сега е време да направите претпоставка за вашите трошоци. Направете план за тоа колку пари би ви биле потребни за да можете да функционирате нормално и елементарно.


Планирајте ги фиксните трошоци кои треба да продолжите редовно и без одлагање да ги плаќате, а намалете ги варијабилните трошоци. Ова е вистинско време да ги намалите или да ги замрзнете привремено сите трошоци кои може да ги одложите за одреден временски период.



Секоја рецесија има одреден рок на траење после кој следува фаза на закрепнување што секако ќе подразбира привремено одрекнување од многу планирани активности и инвестиции.


Носете мудри одлуки кога се работи за вашите финансии и правете лични проценки и анализи затоа што во овој момент вие најдобро ги знаете вашите капацитети и можете да носите вистински одлуки.


Доколку ви се допадна овој текст, поделете го со вашите пријатели.


Следете нѐ на социјалните мрежи и редовно читајте го нашиот блог на www.marketdesignacademy.com.

Comments


bottom of page