top of page

Комплетен водич за визуелна комуникација преку бојата

Како бојата може да ви помогне во продажбата


Бојата го продава дизајнот. Зошто?



За успешен дизајн е потребно знаење и искуство со Теоријата на боја, односно користење на водич за кругови на боја и шеми на боја, кои се одбирааат според визуелни ликовни правила за да се создаде квалитетен визуелен идентитет.


Постојат неколку точки кои треба да се следат за најлесно да се одбере боја и најлесно да се создаде визуелна комуникација со дизајнот.


· Теорија на боја

· Зошто теоријата на боја е важна за дизајнот?

· Теорија на боја 101

· Додадена и суптрактивна теорија на бојата (CMYK, RGB)

· Значењето на бојата

· Седум шеми на бојата

· Како се одбира шема на бојата

· Алатки за бојата


Што е теорија на боја?

Теорија на боја е базата за основните правила и насоки која ја опишуваат бојата и нејзиното користење во создавање естетско примамливи изгледи. Со разбирање на основите на теорија на бојата, лесно се постигнува логична структура на боја и создавање соодветни шеми на боја.


Зошто теоријата на боја е важна за дизајнот?

Бојата е особено важен аспект во дизајнот. Одбирање на боја во дизајнот е од круцијално значење за привлекување внимание. Селектирањето на комбинации на бои треба да биде со посебно внимание, бидејќи комбинациите на бои влијаат на емоциите и расположението, на времето на гледање на дизајнот како објект.



Теорија на боја 101

Боите имаат неколку поделби и тоа:

  1. Примарни бои (црвена, жолта, сина)

  2. Секундарни бои (портокалова, виолетова, зелена)

  3. Терцијални бои (магента, тиркиз, пурпурна, окер, црвено-портокалова, жолто-зелена)

Во однос на одбирање на некои од овие бои, треба да се внимава на нијансите, сенките и тоновите на боите, бидејќи и тие засебно имаат своја симболика и значење.


Додадена и суптрактивна теорија на боја (CMYK, RGB)


CMYK е еден од системите на боја кој ги има во секоја компјутерска програма.

Кратенката од CMYK е:

C-CYAN, M-MAGENTA, Y-YELLOW, K-BLACK

Овој систем на бои се користи кога се прави дизајн и потоа треба да се печати.


RGB е систем кој ги содржи боите:

R-RED, G-GREEN, B-BLUE

Овој систем се користи за дигитална подготовка на дизајнот.

И двата система се комбинираат во работата со дизајнот на бои.


Значењето на боја

Значењето на боја е особено важно во дизајнот и тука секоја боја има своја симболика и значење. Тоа се однесува на емоции, расположение, атмосфера и притоа точната боја може апсолутно да помогне за успешен дизајн или пак потполно да го уништи.




Седум шеми на боја

Постојат седум шеми на боја и тоа:

Монохроматска шема (користење на една боја со нијанси и тонови)

Аналогна шема (слични бои од боениот круг)

Комплементарна шема (спротивни бои од боениот круг)

Поделена комплементарна шема (по две спротивни бои од боениот круг)

Триадична шема (користење три бои кои се на иста линија во боениот круг)

Тетрадична шема (четири бои кои се во форма на правоаголник на боениот круг)

Квадратна шема (четири бои во форма на квадрат на боениот круг)


Како се одбира шема на боја

· Размислете која е содржината на дизајнот (значење, симболика, цел, порака).

· Најдете кои бои носат слична симболика, значење, цел и порака како содржината.

· Одберете некои од шемите на бои.

· Направете неколку прилагодени промени во шемата на бои.

· Направете неколку опции за комбинации на бои.


Алатки за боја

Алатките за користење на боја се корисни и ги има во голем број. Неколку од нив се:

Adobe Color

Illustrator Color Guide

Preset Color Guides


Доколку се сомневавте дали бојата има големо значење во дизајнот, сега одговорот е дефинитивно ДА. Со помош на теоријата на боја, дизајнот се истакнува, но и добива едно суштинско значење и позадина. Теоријата на боја не се изучува брзо, туку потребно е многу искуство во комбинациите на бои. Внимателно одбирајте ја бојата за вашиот дизајн.





Ако сакате повеќе да дознаете за теоријата на Боја, следете ги нашите блог содржини ТУКА и следете на нашиот Инстаграм акаунт.



Comments


bottom of page